Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес оствари средба со амбасадорот на Косово, Флоријан Ќехаја, во чии рамки беа потврдени пријателските односи меѓу двете земји и реафимирани заедничките заложби за интензивирање на билатералната соработка, пред сѐ на економски план.
На средбата стана збор за актуелните состојби во двете земји и во регионот како целина. Воедно, беше истакната потребата за забрзување на евроинтегративните процеси на земјите од Западниот Балкан, како клучен фактор во одржувањето на регионалната стабилност.
Муцунски изрази готовност за продлабочување на нашата соработка во рамки на регионалните иницијативи, како и поддршка за европските и евроатлантските интеграции на Косово, потенцирајќи ја подготвеноста за размена на искуства во оваа област.
Соговорниците разменија мислења и за актуелни теми од надворешно – политички и безбедносен карактер.