Евроинтеграциите, потребата од забрзување на економскиот развој, подобрување на владеењето на правото и борбата против корупцијата биле во фокус на денешната средба меѓу министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски и американската амбасадорка Анџела Агелер.
– Разговаравме за претстојното Генерално собрание на ООН, нашите евроинтеграции и потребата од забрзување на економскиот развој, подобрување на владеењето на правото и борбата против корупцијата. Искажав благодарност за континуираната поддршка од САД во реформските процеси и демократизацијата на нашата држава. Разменивме мислења за одличните билатерални односи и начините за нивно понатамошно зајакнување во рамките на Стратешкиот дијалог со САД – објави Муцунски на неговиот Фејсбук профил.
Муцунски додаде дека го потврдиле силното сојузништво во НАТО, кое вели дека останува столб за одбрана на заедничките демократски вредности имајќи ги предвид актуелните безбедносни предизвици.