Ако Европскиот форнт предводен од ДУИ се помири со коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ тогаш целиот процес ќе мине лесно, ако сепак ДУИ реши да реагира, тогаш тој процес на составување Влада ќе оди потешко, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во интервју за Слободен печат.
„Европскиот фронт има мнозинство од немнозинските заедници и тоа е во суштина Бадентер. Се сеќавате дека тоа се случи и во 2006 година, тогаш разликата меѓу ДУИ и ДПЕ беше само три пратеника, сега е малку поголема“ рече Муслиу.
Муслиу смета дека праксата македонската победничка партија да може да бира со која политичка партија на Албанците да коалицира, може да доведе до губење на потребата за идно политичко организирање на Албанците.
„Ако вака се продолжи уште еден два три циклуси, тогаш ова може да се сфати како исклучување од потребата за политичко организирање на Албанците. Може утре да се случи ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ да кажат еве има и кај нас по пет по шест пратеници Албанци“ порача Муслиу.