Мусави: Примената на ВИ во општествата мора да се прилагоди на потребите на луѓето и да се превенира губење на работни места

-Македонија има навистина голем потенцијал во ВИ, особено затоа што помладите генерации одлични го говорат англискиот јазик, наспроти некои соседни земји, имаат страст за напредок и за развивање нови работи. Но, Владата и нејзините инвестициски политики, како што е Фондот за иновации и технолошки развој не се доволно активни и не ги поддржуваат доволно, и тоа прави Македонија значајно да заостанува зад земјите во соседството, иако има поголем потенцијал од нив, вели Мусави.

Вештачката интелигенција е реалност, таа е веќе дел од нашите животи и неопходно е да се познаваат алатките кои ги нуди, оти од тоа ќе зависи подготвеноста на општеството да се прилагоди на промените што таа ги носи. Асоцијацијата за ВИ во Шведска е гласот на народот наспроти ВИ во општеството. Таа има значајно влијание и е одговорна во однос на прибирање на реакциите, на повратните информации од луѓето и ја користи својата мрежа за влијание врз владата или јавниот сектор во насока да се донесат промени или прилагодувања кои се посакувани од луѓето, вели во интервју за МИА првиот човек на Асоцијацијата Реза Мусави.

Тој посочува дека најчестите проблеми поради кои луѓето доаѓаат и бараат нивна помош е поврзана со губењето на работните места.

-Најчето луѓето доаѓаат кај нас и барат помош во случај на губење на нивните работни места и пазарот на труд. Проблеми поради кои Владата и јавниот сектор ни се обраќаат се сајбер напади или психолошки напади кога други влади се обидуваат да ги манипулираат луѓето со ширење на дезинформации. Но луѓето, не ги интересираат такви работи, нивна главна грижа е дали во иднина ќе го загубат нивното работно место поради ВИ. При вакви ситуации ние обезбедуваме две групи на совети. Едната група совети е до луѓето да научат да ја користат ВИ. Оти се вели дека ВИ нема да ги замени луѓето, но луѓето кои не знаат да ја користат ќе бидат заменети од оние кои ја совладале и знаат да ја аплицираат. Советите до властите и до јавниот сектор е во насока да направиме притисок да креираат и воведат политики и регулативи со кои ќе се превенира губење на работни места на база на ВИ, вели Мусави.

Прашан за македонскиот технолошко-иновациски профил, Мусави вели дека земјава има голем потенцијал, но не и соодветна политика за инвестирање во новите технологии што ја прави да заостанува зад другите држави во регионот.

-Македонија има навистина голем потенцијал во ВИ, особено затоа што помладите генерации одлични го говорат англискиот јазик, наспроти некои соседни земји, имаат страст за напредок и за развивање нови работи. Но, Владата и нејзините инвестициски политики, како што е Фондот за иновации и технолошки развој не се доволно активни и не ги поддржуваат доволно, и тоа прави Македонија значајно да заостанува зад земјите во соседството, иако има поголем потенцијал од нив, вели Мусави.

Генералниот директор на Шведската асоцијација за вештачка интелигенција е експерт за ВИ и софтверски архитект со над 20 години искуство. Тој ги предводеше иницијативите за ВИ за големи организации, вклучително и рамка за автоматизација за тестирање за Volvo и консултации за клиенти како SKF. Реза е познат по тоа што им дава овластување на директорите да водат дигитална трансформација, потпирајќи се на неговата експертиза во стратегијата за ВИ, етичките размислувања и машинското учење. Со дипломи по компјутерско хардверско инженерство и софтверско инженерство од Универзитетот во Гетеборг и Чалмерс, Реза е страстен поборник за одговорна ВИ и ги советуваше глобалните организации за политиката за ВИ.

На покана на М6-Едукативниот центар, тој неодамна одржа интензивна еднодневна работилница која нуди практично истражување на вештачката интелигенција (ВИ) и нејзините непосредни апликации за деловни лидери.

Во продолжение следува целосното интервју за МИА на експертот за Вештачка интелигенција Мусави.

НАТО денеска ја објави својата ревидирана стратегија за вештачка интелигенција (ВИ), која има за цел да ја забрза употребата на технологии за вештачка интелигенција во Алијансата на безбеден

Кога започна со работа Шведската асоцијација за вештачка интелигенција и која е нејзината главна цел?

Асоцијацијата започна со работа во 2019 година, под името Центар за ВИ. Официјално е регистрирана како Шведската асоцијација за вештачка интелигенција, но е попозната под името Центар за ВИ. Целта е да биде гласот на народот во однос на кој било ефект од примената на ВИ во шведското општество, во Шведска, но и во светот во целост, бидејќи  ВИ не е ограничена, сите се поврзани, компаниите кои ја креираат се меѓународни субјекти и затоа се грижиме за нејзината примена глобално. Главно имаме членови од Шведска, кои изразуваат ставови на јавноста, споделуваат информации и знаење, искажуваат загриженост. Центарот за ВИ кој има значајно влијание е одговорен за  прибирање на повратни информации од луѓето и ја користи својата мрежа за влијание врз владата или јавниот сектор во насока да се донесат промени или прилагодувања кои се посакувани од луѓето. Значи, Центарот за ВИ е гласот на народот во однос на ВИ во општеството.

Може ли да наведете примери каде примената на ВИ во општеството или во бизнисот е најприсутна или највидлива за луѓето?

-За луѓето на индивидуално ниво највидлива е нејзината примена во алатки како Чет ГПТ или слични продукти за да добијат совет или помош која им е лично потребна или за извршување на нивната работа. Во ИТ или софтвер индустријата каде имаме кодирање и програмирање, ВИ се користи многу за генерирање кодови. Денес многу компании во Шведска и низ светот генерираат повеќе од 50 проценти од кодовите со помош на ВИ, но програмерите ги даваат инструкциите за креирање на тие кодови. Тоа е една од примените, ВИ се користи и во истражувања, како во фармацевтската индустрија за нови лекови, во испитување на ефектите од новите лекови и доколку некоја компанија не ги користи овие алатки на ВИ заостанува зад другите. ВИ се користи многу и од владата и во јавниот сектор преку автоматизација на административните услуги. Знам дека пред две години Македонија исто започна со дигитализација на услугите за да ги направи подостапни за граѓаните.

Кои се алатките на ВИ кои во моментов постојат и можат да се користат?

– Најпознати алатки се Гугл, Џеменај, Чет ГПТ, Перплексити, но и многу други кои можат да генерираат различни содржини за луѓето. Ако пребарувате „генерирај“ и додадете „генерирај код, видео, слика“, има многу алатки кои може да се користат, тоа се однесува на лично ниво. На корпоративно ниво постојат други алатки што можат да ги користат бизнисите.

Покрај бенефитите, постојат и аспекти на ВИ кои предизвикуваат загриженост поради можност таа да се користи за производство на лажни информации, лажни видеа…Како да се препознаат вистинските од лажните информации?

-Добро е да се знае дека ВИ е во иста ситуација како почетоците на примената на пребарувачите пред повеќе од 20 години. На почетокот кога сите имавме пристап до Интернет и до пребарувачите како Јаху или Гугл, луѓето велеа „го прочитав тоа на Интернет“, „Јаху ми го кажа тоа“,  но денес знаеме дека што и да пребаруваме на Интернет тоа може да не е точно и тоа е нешто што го стекнуваме како знаење со време, низ искуството. Исто е и со ВИ. Кога ќе видиме нешто онлајн – фотографија, видео, треба да ги едуцираме луѓето да бидат скептични и да ги научиме како да прават проверки. Постојат многу инструкции како се прават проверки. Доволно е да се изгугла некоја информација и потоа да се провери дали на првата или на втората страница од извори на информации се појавуваат имиња на медиа аутлети во кои имате доверба. На пр. ако е во прашање некоја меѓународна вест важна за САД или Европа и не е објавена од доверливи медиуми како ДВ, Франс 24, Си-Ен-ЕН…треба да бидете внимателни зошто никој од нив не ја спомнува.

Кои се најчестите проблеми поради кои луѓето доаѓаат и бараат ваша помош?

-Најчето луѓето доаѓаат кај нас и барат помош во случај на губење на нивните работни места и пазарот на труд. Проблеми поради кои Владата и јавниот сектор ни се обраќаат се сајбер напади или психолошки напади, кога други влади се обидуваат да ги манипулираат луѓето со ширење на дезинформации. Но луѓето, не ги интересираат такви работи, нивна главна грижа е дали во иднина ќе го загубат нивното работно место поради ВИ.

При вакви ситуации ние обезбедуваме две групи на совети. Едната група совети е до луѓето да научат да ја користат ВИ. Се вели дека ВИ нема да ги замени луѓето, но луѓето кои не знаат да ја користат ќе бидат заменети од оние кои ја совладале и знаат да ја аплицираат.

Советите до властите и до јавниот сектор е во насока да направиме притисок да креираат и воведат политики и регулативи со кои ќе се спречи губење на работни места на база на ВИ. На пример ако некој вработен има 10-годишно искуство и биде отпуштен затоа што нивните работни места се заменети од ВИ или роботи, ние мора да бидеме во можност да им помогнеме да не ја изгубат нивната работа или да постои некој фонд на осигурување кој ќе им помогне да дојдат до нова работа или ќе овозможат да се премостат вакви состојби. Бидејќи ваквите промени во општеството и на пазарот на трудот ќе влијаат на сите нас оти економијата ќе оди надолу, а и општеството ќе има проблеми.

Но, научниците велат дека со ВИ некои позиции се губат, но се создаваат нови?

-Да, но тоа не значи дека оние работници што ги загубиле своите стари работни места ќе ги добијат новите креирани со ВИ. Затоа е важно да се грижиме за оние кои ќе останат без работа, да ги заштитиме, да не се најдат на дното од општеството. Во Шведска ние не сме познати по брзи промени, туку по стабилни промени. Процесот може да трае долго, но кога ќе ги поставиме новите регулативи и политики, знаеме дека ќе траат долго.

Глобалните експерти ќе дебатираат за заканите од вештачката интелигенција (ВИ) на собир во Париз денеска и утре, пред самитот на светските лидери за технолошката индустрија.

Каков е вашиот коментар за последниот Самит за иднината на ВИ во Париз?

-Постои голема конкуренција околу ВИ на глобално ниво помеѓу Кина, Европа и САД. Кина и САД брзо напредуваат на технолошко ниво. Значи ЕУ не е толку брза, ние заостануваме далеку зад нив, но сме понапред од сите во воведување на политики и регулатива во оваа област. Така ако поставиме политики и регулатива во ЕУ сите ќе мора да не следат, бидејќи не сакаат да го изгубат европскиот пазар. На овој самит имаше многу разговори за ВИ, но најважно беше што Европа започна големи инвестиции во технологијата, поголеми од оние досега на САД и Кина. Дел од тоа е инвестицијата што ја носи Франција од Обединети Арапски Емирати (109 милијарди евра), ЕУ ќе вложи многу во истражувања и развој на ВИ (200 милијарди евра од ЕК), востановуваме неколку „фабрики“ за ВИ. Се надевам дека со развој на новата технологија ќе ја имаме и регулативата и технологијата, со цел да бидеме сигурни дека никој нема да ја злоупотреби надвор од ЕУ.

Дали може да кажеме дека во фокусот на Самитот беа инвестициите во инфраструктурата за ВИ или регулативата?

-Всушност повеќе беше насочен на безбедноста, но ова беа многу важни разговори. Парите ќе бидат искористени за купување и изградба на компјутерски центри за обука на ВИ, бидејќи обуката како на пр. Чет ГПТ чини милијарди долари, потребни се многу компјутери, оти инаку би требале години за да се истренира ВИ. Со инвестирање во инфраструктура за ВИ, може да креираме наша ЕУ-ВИ обучена според вистински податоци и на вистински начин, и која ќе биде достапна и ќе може да се користи од страна на сите истражувачки и бизнис центри, како и за раст на останатите сектори, а не да се продава за профит.

Средствата кои беа ветени за инвестирање во развој на ВИ во ЕУ (околу 310 милијарди евра) се повеќе од доволно да се почне. Но, за година – две ќе треба да се направи реевалуација и да се види дали се потребни повеќе пари,  дали треба да се инвестира во други области или некои други промени.

Што за вас како експерт беше најважниот аспект од Самитот?

-Сметам дека најважно беше за ЕУ да ја разбере стратешката важност на вештачката интелигенција, оти ако не сториме нешто, ќе бидеме погодени од неа. Овие активности кои се преземаат во ЕУ навистина исцртуваат посветла иднина. Во моментов ВИ е како енергија и владите и економиите се обидуваат да бидат што повеќе посветени самостојно да ја развиваат и да ја извезуваат наместо да бидат увозници. Значи, не може да си дозволиме Европа да заостанува во процесот. Доколку некои малициозни актери или земји почнат да ја користат против ЕУ, може да видиме десничарски движења, напади врз демократијата и тоа би засегнало многу различни темелни вредности на ЕУ, не само технолошките и економските вредности.

Што би кажале за македонскиот технолошко-иновациски профил?

-Македонија има навистина голем потенцијал во ВИ, особено затоа што помладите генерации одлични го говорат англискиот јазик, наспроти некои соседни земји, имаат страст за напредок и за развивање нови работи. Но, Владата и нејзините инвестициски политики, како што е Фондот за иновации и технолошки развој не се доволно активни и не ги поддржуваат доволно, и тоа прави Македонија значајно да заостанува зад земјите во соседството, иако има поголем потенцијал од соседните земји.