Муртезани се прогласи ненадлежен околу именувањето на Петар Богојески

-Ние како Министерството за европски прашање немаме надлежности врз таа Агенција, ниту во менаџерирање ниту во именувањето на директорот. Ова прашање е во надлежност на Министерството за образование. Ја споделувам вашата загриженост. Можеби процесот на именување требаше да биде повнимателен, изјави Муртезани запрашан од новинарите дали учествувал во именувањето на Петар Богојески за нов директор на Националната агенција.

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, се прогласи за ненадлежен околу именувањето на Петар Богојески за директор на Националната агенцијата за европски образовни програми и мобилност, но рече дека веќе реагирал во владата.

-Ние како Министерството за европски прашање немаме надлежности врз таа Агенција, ниту во менаџерирање ниту во именувањето на директорот. Ова прашање е во надлежност на Министерството за образование. Ја споделувам вашата загриженост. Можеби процесот на именување требаше да биде повнимателен, изјави Муртезани запрашан од новинарите дали учествувал во именувањето на Петар Богојески за нов директор на Националната агенција.

Како што додава, Муртезани не се гледа себеси како одговорен да даде одговор на нешто што не е надлежен. Вели дека веќе реагирал до Владата.