Муртезани: Процесот на проширување е изложен на притисоци и тенденции на билатерализација

Во време кога процесот на проширување е изложен на притисоци и тенденции на билатерализација, Копенхашките критериуми се нашата заштита. Тие се потсетник дека европскиот пат не смее да се условува со прашања надвор од суштината на демократијата, владеењето на правото и функционалната пазарна економија. Посебно ја цениме принципиелната определба на Данска дека проширувањето на Европската Унија мора да се води исклучиво според Копенхашките критериуми – објективни, мерливи и еднакви за сите, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани на заедничката прес-конференција со неговата данска колешка Мари Бјере.

Во време кога процесот на проширување е изложен на притисоци и тенденции на билатерализација, Копенхашките критериуми се нашата заштита. Тие се потсетник дека европскиот пат не смее да се условува со прашања надвор од суштината на демократијата, владеењето на правото и функционалната пазарна економија. Посебно ја цениме принципиелната определба на Данска дека проширувањето на Европската Унија мора да се води исклучиво според Копенхашките критериуми – објективни, мерливи и еднакви за сите, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани на заедничката прес-конференција со неговата данска колешка Мари Бјере.

-Данска отсекогаш била земја со јасен и конзистентен став во европските процеси – гласна во поддршката на вредностите, доследна во заштитата на правото и принципиелна кога станува збор за проширувањето на Унијата. Нашите односи со Данска имаат своја историја на доверба, но уште поважно – имаат иднина што нѐ обврзува на уште подлабоко разбирање и заемна поддршка. Отворениот дијалог што го водевме денеска е доказ за тоа. Разговаравме за нашите билатерални односи, за иднината на Европа и за местото на Северна Македонија во тој поширок хоризонт, рече Муртезани.

Тој истакна дека на средбата со Бјере ги разгледале приоритетите на претстојното данско претседателство со Советот на Унијата, кое започнува следниот месец и ги поздрави заложбите на Данска за силна, демократска и безбедна Европа, Европа што е отпорна, но и фер, што се темели на вредности, но дејствува со прагматизам.

-Нашата земја, и покрај сите предизвици, останува посветена на тој пат. Планот за раст на Европската Унија го пречекавме како можност за нова етапа на интеграција, која веќе носи конкретни реформи и резултати. Фактот што Северна Македонија наскоро ќе биде земја-домаќин на Самитот на лидерите од Западен Балкан претставува признание за нашата активна улога во обликувањето на европската агенда во регионот, рече министерот.

Се заблагодари на Бјере, за која, како што истакна, е првиот министер којшто доаѓа да го посети регионот пред претстојното данско претседателство со Советот на ЕУ.

-Ова е силен сигнал дека сме во процес на забрзување на проширувањето на ЕУ, на почитувањето на процесот  на Копенхашките критериуми без да бидеме загадени со билатералните прашања коишто се тема за соседите, меѓутоа не тема за европско проширување и европски пристап. Така што, треба да се фокусираме на имплементацијата на Планот за раст, затоа што ние треба да ја донесеме Европа поблиску до нашите граѓани, рече Муртезани.

Одговарајќи на новинарско прашање за Акцискиот план за малцинства, за кој премиерот Христијан Мицкоски најавил дека треба да биде доставен, Муртезани кажа дека Акцискот план е во надлежност на МНРиНТ и не може да сподели информации околу неговата содржина.

-Тоа што можам да споделам е околу патоказите, тие трите патокази веќе се испратени во Комисијата и се финализираат на дневна основа, преку онлајн состаноци со Комисијата. Се надевам дека скоро сите три патокази ќе бидат завршени, а со тоа технички, Северна Македонија ќе биде спремна за отворање на Кластерот Темели. Што се однесува до Акцискиот план, тоа што можам да споделам дека е испратен во Советот на Европа којшто треба да биде разгледан од страна на експерти се чека наскоро да добиеме одговор за нивни коментари, по што ќе треба да следи соодветна процедура за усвојување и формално испраќање до Комисијата, рече Муртезани.