Мурињо: Јас го напрaвив Роналдо вистински голгетер

Жозе Мурињо му беше тренер на Кристијано Роналдо три години во Реал Мадрид и тврди дека е најзаслужен што португалскиот ас стана голгетер.

Факт е дека сегашниот играч на Ал Наср постигнуваше голови и во Премиер лигата каде беше најдобар стрелец, но Мурињо вели дека направил еден потег со што му ја променил кариерата.

„Пред мене, Роналдо играше на левата или десната страна и се бркаше со противничките бекови. Во Реал стана вистински голгетер и така остана до сега. Јас смислив хибридна улога за него, му дадов повеќе да игра лево и да влегува во средината, го ослободив од обврските да брка бекови бидејќи тоа го правеа Чаби Алонсо и Кедира. Тоа беше позиција од која можеше да постигнува повеќе голови, а во финалето од Копа дел Реј во 2011 година луѓето сфатија дека може да биде врвен голгетер“, изјави Мурињо.

Трите сезони под водство на својот сонародник беа едни од најуспешните во кариерата на Роналдо и во нив постигна вкупно 168 гола во сите натпреварувања.

Во 2011 година ја освои и Златната копачка за најдобар стрелец во светот.