
Мултимедијална изложба „Жените од светот низ историјата“ и поетско читање по повод Денот на жената
По повод Меѓународниот ден на жената - 8 Март, во галеријата „Ко-ра“ во Скопје вечер ќе биде отворена мултимедијална изложба „Жените од светот низ историјата“, која е дел од циклусот „Жената симбол и инспирација“
По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, во галеријата „Ко-ра“ во Скопје вечер ќе биде отворена мултимедијална изложба „Жените од светот низ историјата“, која е дел од циклусот „Жената симбол и инспирација“
Најавено е учеството на уметниците Марија Светиева, Марија Чепишева, Маја Танева, Билјана Билбилоска, Касиопеја Наумоска, Славица Танеска, Давор Тоциновски, Марија Николова, Игор Љубовчевски Љубац, Виктор Бранѓолица, Христо Петрески, Гордана Винчиќ, Сузана Арсова и Дијана Петкова.
Куратор на изложбата е Виолета Калиќ, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.
На истата тема „Жената симбол и инспирација“ утре напладне ќе се одржи поетско читање, на кое ќе учествуваат Виолета Наумовска, Виолета Ачкоска, Христо Петрески, Љерка Тот Наумова, Алмира Папиќ, Лилјана Стоилковска, Викторија Кочевска, Татјана Томовска, Елеонора Николова, Викторија Велева, Мирослав Трајковски, Лидија Лучко Јеремиќ, Ванѓа Радевска.