„За случајот со д-р Софијанова, излезе дека таа била во Словенија кога биле запишувани дежурствата. Кај д-р Јовев се работи за 2-3 дежурства во 2022 година, во времето на Венко Филипче, беше забрането директорите да дежураат. Ако било проблем, кои се тие инспектори и кога биле пратени, од која институција и зошто се реагира по цели 6 месеци“ вели Ирена Мулачка, главна уредничка на веб порталот „Фокус“ во најновото издание на Трилинг.
Таа е со став дека „голем проблем е со економските директори, тие повеќе направија штета во јавното здравство, направија долгови од околу 100 милиони евра. Мислам дека суетата на министерот беше повредена, при отворањето на хибридната сала. Самата постапка на министерот е повеќе што тој лично се чувствувал повреден, јас не очекувам дека ќе ја промени одлуката. Министерот мислам дека сам си пукаше во нога“.
„Ги сведоа клиниките на обични амбуланти, кога на овој начин ги третираш твоите хирурзи, со драго срце секој би отишол од тука“ вели Мулачка.