,,Алкалоид е компанија која постои веќе 87 години. Поминала низ разни општествени системи и морам да признаам дека сум многу горд што сум дел од оваа компанија.Успехот на алкалоид се должи на квалитетот на луѓето кои работат тука, зборуваме за 2600 вработени” – истакна Живко Мукаетов за камерата на Алџезира телевизија.
,,Би сакал да истакнам дека ние сме посебно горди што од 2005 година па наваму нашата компанија расте во однос на претходната година. Компанијата за четири ипол пати има порасното во последните 17 години. Тоа се должи на градење на портфолио, развој на производи кои имаат додадена вредност производи кои може да се диференцираат од конкуренцијата врз база на својот квалитет, својата препознатливост и својата компетитивност таму каде што ги продаваме.” – вели Мукаетов.
Според него најважното нешто за бизнис во регионот е да бидеме максимално рационални.
,,Да сето она знаење кое е акумулирано во компаниите се разменува, да се бараат форми на синергија, и соработки за сето тоа да не доведе во позиција да бидеме повеќе конкурентни и квалитетни” – вели тој.