Мукаетов му посака среќа на РК Алкалоид пред патувањето за Атина
Првиот човек на компанијата „Алкалоид АД“, Живко Мукаетов, беше присутен на денешниот тренинг на ракометниот клуб што го носи истото име, за да им посака среќа на ракометарите во пресрет на неделното европско финале во Атина против тимот на АЕК.

Алкалоид е успешна спортска приказна откако за само неколку години постоење најпрвин се закити со трофејот во Купот на Македонија, а сезонава стигна и до големото финале на ЕХФ Европскиот куп.
Мукаетов, кој долги години беше и успешен предводник на Ракометната Федерација на Македонија, се реши и за самостоен клупски проект во кој шанса пред се ќе добиваат македонски ракометари, рецепт што се покажува како огромен успех предводен од селекторот Кире Лазаров.