Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска за време на престојот во Република Полска, оствари билатерална средба со министерката за семејство и социјална политика Марлена Малаг, на која беше потпишан Меморандум за соработка со полското Министерството за семејство и социјална политика.
Како што посочуваат од МТСП, на средбата е разговарано на повеќе теми, од кои фокусот беше ставен на социјалната економија. Министерката Малаг изјави дека во нивната земја има традиција на солидарност, а со влезот во ЕУ и носењето на законската регулатива постигнат е исклучителен напредок. Новиот закон на кој работи полското Министерство ги вклучува темите на социјална интеграција, создавање на нови работни места и социјални услуги.
Министерката Тренчевска ги посочила подготовките низ кои поминуваме во процесот на изработка на Законот за социјално претприемништво. Всушност и социјалните услуги на кои интензивно се работи, со цел нивен успешен развој.
– Во Република Северна Македонија социјалните услуги се потенцијал за развој на социјалното претприемништво и создавање работни места на најранливите категории на граѓани, рече Тренчевска.