Мрак среде испитна сесија: Библиотеката „Браќа Миладиновци” од Скопје остана без струја

Библиотеката „Браќа Миладиновци” од Скопје и дел од нејзините клонови денеска останаа без струја. Објектите на оваа установа која е под надлежност на Град Скопје се исклучени од ЕВН бидејќи имаат неплатени сметки.

Библиотеката има една неплатена сметка за електрична енергија и три сметки за дистрибуција на струја.

Директорката на библиотеката Снежана Стојчевска вели дека проблемот е настанат бидејќи не се префрлени пари од Град Скопје.

„Ова е третпат во мојот мандат од април 2022 година да бидеме исклучени од струја за две неплатени сметки. Како јавна установа, средствата за режиски трошоци ги добиваме од Град Скопје, кои што веднаш беа запознаени со проблемот и ветија брзо решавање“, вели Стојчевска.

Директорката вели дека утре проблемот ќе биде решен и установата повторно ќе добие струја.

Со рекација се јави Борис Шамбевски од ВМРО-ДПМНЕ, а неговиот став го пренсуавме во продолжение:

Добриот комунист Марио Јанески згрижен во Градската библиотека “Браќа Миладиновци” во Скопје, раководена од неговата “другарка” од Левица, денес премолчеа исклучување на струјата во сите објекти на Градската библиотека во Скопје сред испитна сесија. Истиот добар комунист кој глуми загрижен за студентите да ѝ каже на неговата “другарка” и “згрижувачка” и неспособната Данела да си ја платат струјата! Да ви се плукнам во таа збирштина неспособна!