МПЦ и црквата на Вранишковски се обединуваат

Следи финализирање на договорот меѓу македонската и српската црква со самото обединување на ПОА. Целосната интеграција би требала да биде за време на соборот на СПЦ на 14 или 15 мај според владиката Тимотеј.

Обединувањето е дел од договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА. Тимотеј вели дека се донесени неколку одлуки во однос на поделбата на епархиите, коишто ќе треба да се усогласат со СПЦ. Целосната интеграција Тимотеј очекува да се случи за време на Соборот на СПЦ, кој треба да почне на 14 – 15 мај.

Заокружувањето на тој процес ќе значи и формално згаснување на Православната Охридска Архиепископија и нејзина интеграција во МПЦ-ОА, што ќе биде историски чин на обединување кон конечната цел полноправно признавање на МПЦ-ОА како автокефална црква.