МО на Русија: Руски ловци пресретнаа американски бомбардери над Баренцовото Море

Руски борбени авиони МиГ-29 и МиГ-31 пресретнале американски стратешки бомбардери Б-52Х кои се приближувале до државната граница над Баренцовото Море, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„Руските системи за контрола на воздушниот простор над Баренцовото Море открија групна воздушна цел која се приближуваше до државната граница на Руската Федерација.

„Со цел да се идентификува воздушната цел и да се спречи нарушување на државната граница на Руската Федерација, лансирани се ловци МиГ-29 и МиГ-31 од воздушните одбранбени сили“, се вели во соопштението, а пренесува РИА Новости.