Моџо Килингтон: Дури 5% од членовите на СДСМ би гласале за кого и да е само да ги остави на работа!

„Уништување“ – која е инспирација за романот на Божидар Божиновски ака Моџо Килингтон? Тоа е барањето по себе си!

„Што би правел човек кога е притиснат од времето, дали тоа може да се изведе во корелација со очекувањата на општеството и семејството“ вели Божиновски.

Тој вели дека „секој човек има самоуништувачки нагони“.

Во делот на Не(реално) со Моџо Килингтон вели:

„Во СДСМ може да се роди ново сонце на слободата, сериозен кандидат за нов лидер е Димитар Ковачевски кој и нуди светла иднина на партијата. Дури 5% од членовите на СДСМ би гласале за кого и да е само да ги остави на работа“ вели тој.

Напоменува дека „преговорите со Алтернатива за Владата отворија прашање за нов министер за здравство – ако не успеа доцнењето на вакцините, 14 мртви во модуларна болница, најголемата смртност во Европа, тогаш можеби партиски дил ќе го смени Венко Филипче“.