Мостот на Крим бил жртва на руски камион-бомба?

Рускиот претседател Владимир Путин за утре закажа состанок на Советот за безбедност, на кој ќе учествуваат клучни министри, политичари и претставници на војската и безбедносните служби, соопшти денеска Кремљ.

– Средбата на Путин со постојаните членки на Советот за безбедност е закажана за утре – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Седницата ќе се одржи два дена по експлозијата што го оштети мостот на Крим, клучната инфраструктура што ја поврзува Русија со анектираниот полуостров на Црното Море.

Руските власти ја припишуваат експлозијата што се случи вчера наутроа во која загинаа три лица, на камион-бомба во сопственост на жители на руската област Краснодар.

Русија не ја обвини Украина за нападот, а украинските власти не презедоа одговорност.