Москва: Нема прекин на нападите за Божиќ

Кремљ денеска го отфрли предлогот на Украина за примирје за време на Божиќ, нагласувајќи дека нема намера да ги прекине воените операции за време на празниците.

Кремљ денеска го отфрли предлогот на Украина за примирје за време на Божиќ, нагласувајќи дека нема намера да ги прекине воените операции за време на празниците.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва не прифаќа прекин на огнот што, според неа, би ѝ овозможил на Украина да се прегрупира и да се подготви за продолжување на војната. Тој истакна дека Русија се залага за мир, но не и за краткорочни и, како што рече, неодржливи решенија.

Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи привремено запирање на нападите за време на празничниот период, со посебен акцент на ударите врз енергетската инфраструктура, наведувајќи дека станува збор за хуманитарна мерка.

Од Кремљ порачаа дека евентуално примирје би било можно само како дел од поширок и сеопфатен договор за прекин на војната. Песков додаде дека Москва сè уште не добила конкретни предлози за безбедносни гаранции за Украина, кои, според американски и европски претставници, се тема на разговори меѓу Вашингтон и Киев.