МОН: Добивме десетина пораки на мејл, се пријавува насилство

По српскиот бран насилства и масакри дури сега започна да се прави анализа на состојбите во македонското образование.

МОН објави дека на електронските адреси изминатите два дена добиле десетина пораки во кои се пријавува насилство. Дел од нив се однесуваат на врсничко насилство, но пишуваат и поранешни професори и просветни работници, со сугестии како да се превенира и намали насилството меѓу децата и младите од училишна возраст.

Во функција се пуштени eлектронските адреси prijavinasilstvo@mon.gov.mk на македонски јазик и paraqitdhune@mon.gov.mk на албански јазик, на кои учениците, професорите и сите други граѓани можат да пријават насилство во образовните установи.