Монструмот од Рипањ планирал да убие уште едно дете, 10-годишно девојче

Помладата сестра на Н.П.(16), која во понеделникот во Рипањ ја уби С. Илиќ (38), раскажала како се случило страшното злосторство, откри истрагата.

Станува збор за дете (10), кое било во животна опасност од полуден убиец, на кој откако бил уапсен му е одредена мерка притвор од 48 часа.

Девојката изјавила дека убиецот се обидел да и наштети и дека сакал да ја удри, но таа побегнала. Таа посочи и дека се обратила за помош кај нејзината баба, која подоцна се покажало дека е ранета во крвавиот пир. Таа раскажа како ги видела мајка и и баба и облеани во крв и дека Брзата помош ги однела нив и нејзиниот вујко.

Таа изјавила и дека го сретнале нејзиниот брат кој се упатил кон дома и дека му се јавиле за да го спасат од евентуален напад.

Потоа, додаде таа, повикале и полиција. Неофицијално се дознава дека додека децата си играле во дворот кога провалил С.И и дека најпрвин со секира го избодел вујкото, по што децата се сокриле под креветот.

Братот на убиената Н.П., денеска изјави дека осомничениот „не бил добар“.

„Беше луд соседот С.И. Треба да го застрелаат. Ја убил сестра ми Нена, убава беше како кукла“, рекол неутешниот брат на убиената девојка.

Да потсетиме, по крвавиот пир убиецот побегнал, но полицијата успеала да го лоцира и го совладала.

По наредба на обвинителот му е одредена мерка притвор до 48 часа, а за тоа време ќе биде изведен на распит во Вишото јавно обвинителство во Белград.

Телото на убиената девојка е испратено на обдукција.

Браќата на осомничениот убиец рекоа дека нивниот брат во последно време чудно се однесувал.

„Тој не даде никакво навестување дека ќе го направи тоа, но во последно време е чуден. Бев на работа кога се случи се, ми се јави колега. Имавме океј однос со нападнатото семејство. Стојан се дружеше со тоа семејство, таму бил последните три дена“, велат браќата на осомничениот – Јован и Душан.