Монодрамата „Кротка“ повторно на репертоарот на струмичкиот театар

Монодрамата „Кротка“, работена според истоимената новела на Фјодор Михајлович Достоевски, во режија на Дејан Ангелов, а во изведба на Стојан Велков-Трн, по подолга пауза од вечер повторно е на репертоарот на НТ „Антон Панов“, соопштија од струмичкиот театар.

Музиката за претставата е на Ставро Ангелаков, а сценографијата на Никола Пијанманов.

Актерот Велков-Трн за улогата во претставата е носител на наградата за најдобра машка улога на Интернационалниот фестивал на монодрамата во Kорча, Република Албанија, во 2021 година.

Претставата е копродукција помеѓу НУЦК „Антон Панов“ и Здружението за култура и развој на креативните индустрии „Култ-Транзен“ – Струмица.