
Монако го врати Погба во фудбалот
Монако официјално го објави потпишувањето на играчот од средниот ред Пол Погба, кој му се приклучува на клубот како слободен агент со двегодишен договор.
Монако официјално го објави потпишувањето на играчот од средниот ред Пол Погба, кој му се приклучува на клубот како слободен агент со двегодишен договор.
Поранешниот француски репрезентативец се враќа во фудбалот по неговиот последен официјален натпревар на 3 септември 2023 година. Како што е познато, Погба беше фатен со допинг додека беше играч на Јувентус, за што доби четири годишна забрана. По жалбата, санкцијата беше намалена на 18 месеци и таа истече во март. Сепак, минатиот ноември, „старата дама“ го раскина договорот со 32-годишниот играч од средниот ред, кој досега беше без тим.
За Погба, неговиот период во Монако ќе биде прв во клуб од Лига 1. Досега, искусниот фудбалер ги носеше само дресовите на Манчестер Јунајтед и Јувентус, за кои има вкупно 423 натпревари со 73 гола и 90 асистенции. Неговата колекција на трофеи вклучува 4 италијански титули и еден трофеј од Лигата на Европа, но најзначајна е неговата титула на Светското првенство во 2018 година со репрезентацијата на Франција, за која има запишано 91 натпревар со 11 гола и 9 асистенции.