Момче (9) и девојче (7) пронајдени мртви во стан во Германија

Брат и сестра на возраст од девет и седум години денеска се пронајдени мртви во стан во Хокенхајм, во германската покраина Баден-Виртемберг. 43-годишна жена е уапсена под сомнение за убиство, пренесува Билд.

Засега не се знае каков однос имала уапсената со децата, ниту дали е мајка или роднина.

Портпаролот на полицијата не сакал да каже каков однос има жената со децата – односно дали е таа мајка. Според него, телата на децата утре ќе бидат испратени на обдукција.

Не се дадени повеќе детали за децата.

Јавното обвинителство во Манхајм и Единицата за сериозни криминали на Одделот за криминалистичка полиција во Манхајм започнаа дополнителна истрага против жената.

Инспекторите не дадоа дополнителни детали за причината за смртта.