Момче (15) е уапсено за нападот во кој загинаа три лица, а осум беа тешко повредени. Нападот се случи во германскиот град Солинген синоќа околу 21:45 часот.
Германската полиција соопшти дека во врска со овој случај уапсила 15-годишник, пренесува Би-би-си.
Началниците на полицијата велат дека не можат ништо друго да кажат за истрагата, додека таа е во тек.
И покрај инсистирањето на новинарите, полицијата одби да даде подетални информации за 15-годишниот осомничен и нагласи дека нема да ги објавува неговите фотографии.
Нападот се случи за време на прославата на 650-годишнината од основањето на градот.
Полицијата навела дека се уште е нејасен мотивот, но дека не може да се исклучи дека бил „терористички“.
Градоначалникот Тим Курцбах вели дека оние кои присуствувале на настанот се во состојба на „шок, ужас и голема тага“.
Загинаа три лица, двајца мажи на 67 и 57 години и една жена на 56 години.
Германските медиуми објавија дека оружјето, односно ножот, со кој се сомнева дека е извршен нападот, е пронајдено во корпа за отпадоци во центарот на Солинген.