Момче (11) во Англија почина по учество во опасниот предизвик на социјалните мрежи

Семејството на 11-годишно момче од Англија тврди дека тој починал откако учествувал во опасниот предизвик на социјалните мрежи кој вклучува вдишување отровни гасови.

Томи-ли Грејси Билингтон почина во саботата, на 2 март, додека си играше со пријателите во Гринсет Клоус, Ланкастер.

Брзата помош нешто по 12 часот пристигнала на местото на настанот. Момчето било пренесено во болница, но подоцна била констатирана смрт. Бабата на Томи-ли, Тина Барнс, денеска проговори за трагичниот настан и рече дека тој починал кога тој и неговите пријатели учествувале во предизвикот за „хромирање“ на ТикТок, пишува Дејли Мејл.

Семејството ги предупреди другите родители за опасностите од ваквите предизвици и побара на децата помлади од 16 години да им се забрани користење на социјалните мрежи.
Дури и пред појавата на ТикТок, „хромирање“ опишуваше вдишување токсични испарувања (од спрејови за дезодоранси, лименки со боја итн.) со цел интоксикација, при што социјалната мрежа блокираше какви било видеа или пребарувања со овој термин.

Вдишувањето токсични испарувања влијае на централниот нервен систем и ја забавува активноста на мозокот. Предизвикува зголемен притисок, вртоглавица, халуцинации и повраќање. Тоа може да резултира со срцев удар и трајно оштетување на мозокот, бубрезите и црниот дроб, како и смрт.

„Во саботата, на 2 март, добивме повик од итната помош. Болничарите пронајдоа 11-годишно момче кое не реагираше на стимули. За жал, подоцна беше прогласен за мртов”, изјави портпаролот на полицијата во Ланкашир.