Момче од Неготино ја растеше косата седум години и сега ја донира за перика за деца болни од рак, објави државната МИА.
Станува збор за 11-годишниот Марио Стојановски кој е среќен што може да израдува некое дете и да му помогне во моментите на борба со болеста.
– Не ми е жал за косата, затоа што знам дека со ова помагам некому што има потреба од поддршка. А косата, пак ќе ми порасне – вели Стојановски.
Неговите родители се среќни што нивниот син донел една ваква хумана одлука и заеднички со него, посакуваат здравје, љубов и среќа за сите луѓе во светот.
Марио Стојановски е ученик во основното училиште „Страшо Пинџур” во Неготино.