Момче и девојка од Крушево тешко повредени во сообраќајка кај Градско

Момче и девојка, двајцата на возраст од 22 години, вчера попладне се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Велес-Градско, соопшти полицијата.

„На 27.09.2024 околу 17.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес – Градско, пред с. Виничани, општина Градско, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(22), излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка Е.К.(22), двајцата од Крушево, констатирани во Општата болница во Велес“, велат од МВР.

На местото бил извршен увид од екипа на СВР Велес.