
Јован Костадинов, момчето кое спаси 21 живот од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, е во посета на Бигорскиот манастир.
-Националниот херој допатува во нашето светилиште за духовна поткрепа. Срдечна средба имаше со нашиот Старец епископ Антаниски г. Партениј од кого доби и благослов. Со прегратки беше дочекан и од нашето монашко братство, рече за МИА отец Кирил.
Во објава на Фејсбук стои дека Јован не е само херој на Кочани, туку е „херој на целата наша држава Македонија”.
-Симбол на тоа што значи да се стави човечноста над стравот. Потсетник за сите нас колку многу може да направи едно дете со големо срце, се наведува во објавата.