Коста Кецмановиќ (13), ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар вчера уби осум ученици од тоа училиште и чуварот Драган Влаховиќ.
Во крвавиот пир која почна нешто по 8 часот наутро, момчето повреди шест деца и наставникот по историја, во чиј клас упадна. Бидејќи се уште немало 14 години, момчето убиец не одговара кривично, а според најавите ќе биде сместено на специјално одделение за невропсихијатрија.
Вчера беше приведен таткото на момчето, угледен лекар, чии пиштоли ги зел Коста.
Мајката на еден од учениците од училиштето во Врачар кој го преживеа пукањето за медиумите раскажа за трауматичното искуство на нејзиниот син.
– Мојот син беше во свечената сала на фотографирање и класот се враќаше во училницата во моментот кога почна пукањето. Ми кажа како сите мислеле дека некој фрлил петарди. Влегоа во училницата но, како што сè уште слушаа звуци, неколку од нив излегоа надвор од училницата да видат што се случува – вели мајката.
Таа вели дека во тој момент еден од наставниците истрчал кон учениците и им рекол да почнат да трчаат.
– Настана општа гужва. Мојот син ми раскажа како видел крваво момче во ходникот како ја повикува својата помала сестра. Децата некако успеаја да излезат во дворот, сите бевме уплашени до смрт додека не ги подигнавме децата – сведочи мајката која се уште не може да се опорави од шокот.
Директорката на Клиничкиот центар на Србија, д-р Милика Ашанин изјави дека сите четворица пациенти во Ургентниот центар се стабилни, како и на интензивна нега.
– Пациентот кој бил најдолго во собата имал сложени прострелни рани во градниот кош, вратот и рбетот. Пред еден час беше примен на интензивна нега и во моментов е стабилен – рече Ашанин, посочувајќи дека ќе му се направи магнетна резонанца. Двајцата ученици кои се здобија со повреди на екстремитетите се добро, будни се. Се разбуди и наставничката која наскоро ќе биде екстубирана. Пациентката која беше оперирана од екипата на КЦС во Тиршова е во многу тешка состојба.
Началникот на полициската управа за град Белград, Веселин Милиќ изјави дека Коста Кечмановиќ (13), кој уби осум ученици, 7 девојчиња и едно момче и еден чувар, тоа го направил затоа што бил исфрлен од општеството.
– Мотивот тогаш (утрово) не можевме да го дознаеме, бидејќи се работи за дете. Не можевме да имаме сознание дека некое дете од нашата околина може да направи толку одвратна и болна работа. Она што го дознавме е дека тој бил игнориран. Тој беше игнориран и исфрлен од општеството. Тоа го наведе на тоа преку некои негови мисли и постапки – изјави Милиќ во гостувањето на РТС.
Тој кажа и дека Коста Кецмановиќ повикал полиција, велејќи дека „тој е психопат и дека мисли дека треба да се смири и дека мислел дека треба да повика полиција“.
Синоќа илјадници граѓани ширум Србија им оддадоа почит на убиените деца и на училишниот чувар. Палеа свеќи во Белград, Нови Сад, Ваљево, Ужице…