„Има повеќе идеи зад обидот на некои структури да ме елиминираат од новинарската сцена. На 25.02 стигнаа до Обвинителство уште две кривични пријави против мене, за наводна моја зараза на луѓе со Ковид. Не откривам детали, на суд ќе се разјасниме со обвинителите. Обвинителите се паметни луѓе и знаат дека ако нема основано сомнение, предметот ќе падне“ – вели новинарот Горан Момировски во Трилинг.
Момировски вели и дека „во емисијата `Заспиј ако можеш` кажуваме многу детали, допираме таму каде што Обвинителство не може да допре. Прво бев заразен од Ковид, бев во болница, ми се откачи тромб. Иако и сега треба да одморам, се враќам во етерот затоа што Македонија нема време да губи. Ми се чини дека мора да се кажуваат работите, тоа е моја задача. Не може да ме исплаши ниту кривична пријава, ниту затвор“.
„По војната во Украина светот ќе биде променет. Јас немам многу симпатии кон Русија, но факт е дека меѓу Македонија и Русија има некакво верско поврзување, иако Русија никогаш во историјата не и помогнала на Македонија“ – смета Момировски.