Турската полција објави снимка од апсењето на жената која се смета за главен осомничен за вчерашниот напад во Истанбул, објавија турските власти.
На видеото се гледа како специјалните полициски сили влегуваат во стан, ставаат лисици на жената и вршат претрес во просториите, откривајќи, меѓу другото, оружје.
Taksim istiklal caddesine bombayı bırakan kadın terörist yakalandı. İşte yakalanma anı… #SonDakika #taksimpatlama #taksim #istiklalcaddesi pic.twitter.com/BrRD5A5RPr
— İsmail Umut Arabacı (@ismailumut) November 14, 2022
Во исто време, корисниците на Твитер објавија фотографии од осомничената жена по нејзиното апсење.
Turkish media publish the photos showing the arrest of Istanbul bomber pic.twitter.com/WDRklpdjYs
— Ragıp Soylu (@ragipsoylu) November 14, 2022
Претходно турските медиуми објавија ново видео од жената како трча низ толпата неколку минути пред смртоносната експлозија во која загинаа 6, а повеќе од 80 се повредени.
Апсењето на „лицето“ кое наводно ја оставило бомбата во Истанбул го објави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, обвинувајќи ја ПКК, Работничката партија на Курдистан, за нападот вчера во неделата во центарот на Истанбул.
Во исто време, турското Министерство за надворешни работи соопшти дека се уапсени повеќе од дваесет осомничени, меѓу кои и лицето кое наводно ја оставило експлозивната направа на авенијата Истиклал.