Молдавија го зазеде местото на Македонија во плановите на ЕУ, вели Бојан Маричиќ

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, вели дека Македонија е излезена од групата успешни приказни во Европа и како што оцени еврокомесарката Марта Кос е влезена во графата „тажна приказна“.

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, вели дека Македонија е излезена од групата успешни приказни во Европа и како што оцени еврокомесарката Марта Кос е влезена во графата „тажна приказна“.

„Во моментот, за наша жал, Македонија е излезена од групата на успешни приказни и е ставена во групата на овие приказни коишто се во доменот на замрзнати конфликти и коишто им треба уште многу за да влезат во Европската Унија, а на наше место е придодадена Молдавија“, вели Маричиќ во интервју за порталот „Рацин“.

Тој тврди дека тоа го знае од прва рака бидејќи работи во Црна Гора и во Молдавија на проширувањето, односно на процесот на преговори.

„Во новиот пакет стратешки пакет за проширување се Молдавија, Црна Гора и Албанија. Тие држави се ставени на брза лента на преговори и нивните преговори течат извонредно забрзано во споредба со тоа што сме го имале досега во случајот на Црна Гора и Србија.

Нивните преговори денес наликуваат на оние преговори од големото проширување од 2004 година или со Бугарија и Романија, кога навистина забрзано се поминуваа поглавјата за да се дојде брзо до исходот на затварање на преговорите и членство“.

Според него, работите меѓу кандидатите за ЕУ се движат многу бргу и дека нема постојани лидери или постојани аутсајдери. „Ние немаме идеа што би правеле и тоа нè доведува во групата на оние држави коишто се проблематични или оние држави на коишто ќе им треба уште многу.

Дали ќе влезе Македонија или не во пакетот на Молдавија, Црна Гора и Албанија, зависи од нас. Ако ние ги направиме уставните измени во некој догледен период, ќе можеме да ги стигнеме преговорите за да завршиме до крајот на мандатот на оваа Комисијата“, вели Маричиќ.