САД се подготвени да разговараат за размена на затвореници со Русија. Ова соопштение доаѓа откако руски суд ја осуди на девет години затвор кошаркарската ѕвезда Бритни Грајнер, за наводен превоз на дрога.
Грajнер, двократна олимписка добитничка на златен медал и ѕвезда на женската Национална кошаркарска асоцијација (ВНБА), беше втурната во геополитички вртлог откако Русија изврши инвазија на Украина при крајот на февруари.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека претседателот Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден претходно се договориле за дипломатски канал што треба да се користи за да се разговара за потенцијална размена на затвореници.
Американскиот државен секретар Антони Блинкен синоќа рече дека Вашингтон е подготвен да се ангажира со Москва преку воспоставените дипломатски канали.
Казната на Грајнер може да го отвори патот за размена на затвореници што ќе ги вклучи 31-годишната спортистка и Виктор Бут, поранешен руски трговец со оружје кој отслужува 25-годишна затворска казна во САД.