„Можно е најлошото допрва да ни претстои во војната што ја води Русија во Украина“. Ова денеска го изјави францускиот министер за надворешни работи – Жан-Ив Ле Дриан.
„Можеме да се плашиме од логика на опсада, на која Русите се навикнати“ – предупреди шефот на француската дипломатија.
„Војната предизвикува стотици смртни случаи, исто така и на руската страна“ – е коментарот на Ле Дриан.
Рускиот претседател Путин сака „негирање на Украина и негирање на демократска земја на нејзиниот праг“, потврди тој.
„Тоа е логиката. Приказната за Донбас и двете републики Доњецк и Луганск за кои зборувавме пред неколку дена беше алиби, тоа беше изговор. Волјата на Путин е да избегне на неговиот праг да има демократски модели кои на крајот можат да влијаат на развојот на Русија“ – објасни Ле Дриан.