Може да заврши во затвор затоа што мамела при полагање матура
Девојка (18) од Австралија мамела на матурски испит по економија, па може да заврши во затвор, јавуваат странските медиуми.
Таа на 9. мај полагала матура во училиште во Дојчландсберг, а со себе имала два мобилни телефони и слушалки. Ги фотографирала прашањата, ги испраќала до свои блиски, па преку слушалките ги добивала точните одговори.
Еден од наставнниците го забележал нејзиното однесување и поднел пријава, па сега таа ќе се соочи и со кривично-правни последици.
Раководството на училиштето случајот го пријавило случајот во Обвинителство, каде се одлучува за покренување постапка, затоа што матурата е јавен документ и се казнува ако некое лице го добие со измама.
Ако Обвинителството покрене постапка, девојката може да помине и со парична казна, а во најлош случај, ќе заврши 1 година во затвор.