Можат ли иранските ракети да стигнат до Европа?

Лансирањето на балистички ракети со долг дострел од Техеран кон заедничката американско-британска база на островот Диего Гарсија во Индискиот Океан е очигледна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

Лансирањето на балистички ракети со долг дострел од Техеран кон заедничката американско-британска база на островот Диего Гарсија во Индискиот Океан е очигледна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

Наменетите цели не беа погодени, но израелската војска тврди дека ова е прв пат од почетокот на војната да се користи таква ракета со долг дострел.

Техеран не потврди дека ги испалил овие ракети.

Експертите сега ги разгледуваат импликациите од овој неуспешен напад, вклучително и што би можело да значи ова за поширок опсег на потенцијални цели.

Може ли, на пример, европските престолнини како Берлин, Париз и Лондон да бидат цел во иднина?

Министер од британскиот кабинет рече дека „нема проценка што ја поддржува“ тврдењето на израелската војска дека Иран има ракети со долг дострел способни да стигнат до Лондон.

„Ракетната програма на Иран долго време е предмет на големо меѓународно внимание“, вели Гонче Хабибијазад од BBC News на персиски јазик.

„И додека Техеран инсистира дека развива ракети за чисто одбранбени цели и дека тоа е во срцето на националната стратегија за одвраќање, критичарите тврдат дека напредокот во капацитетите со долг дострел би можел да ја промени регионалната безбедносна динамика.“

Едвај помина еден месец откако разговорите се одржаа поради загриженост за нуклеарните амбиции на Техеран, со потенцијал за понатамошни рунди, кога Израел и Америка ги започнаа нападите.

Островите Чагос, од кои е дел Диего Гарсија, се оддалечени приближно 3.800 километри од Иран.

Волстрит џурнал и Си-Ен-Ен објавија за лансирање на балистички ракети, повикувајќи се на неименувани американски претставници, но рекоа дека ниту едно од оружјата не ги погодило своите цели.

Една од ракетите наводно промашила во лет, додека другата била пресретната од американски воен брод.

Кратко по инцидентот, израелската војска објави дека многу градови во Европа, Азија и Африка сега се во опасност и дека уште минатата година откриле дека Техеран планира да развие ракети со такви можности.