Лука Модриќ е фудбалерот со најмногу трофеи во историјата на шпански Реал Мадрид.
Капитенот на Хрватска синоќа во финалето на „Вембли“ влезе во игра во 85. минута и го освои својот шести пехар во ЛШ и на клупската листа се изедначи со Пако Хенто.
Воедно, ова е 26. титула за Модриќ во дресот на Реал, што значи дека тој е фудбалерот со најмногу трофеи во историјата на „Кралевите“.
Модриќ ги претекна поранешните соиграчи Карим Бензема и Марсело.
Актуелниот капитен на Реал, Начо Фернандеш е изедначен за првото место со Модриќ.
Модриќ стана и најстариот играч кој некогаш играл за Реал во финалето на Лигата на шампионите.
Тој го собори овој рекорд во полуфиналето против Баерн, кога настапи на возраст од 38 години и 234 дена.
Модриќ е и играчот со најмногу настапи во финалето на ЛШ откако елитното натпреварување се игра во овој формат.
Тој по шести пат играше во финалето на Лигата на шампионите, што досега го имаат постигнато само Паоло Малдини и Кристијано Роналдо и неговите соиграчи Начо и Тони Крос.
Досега, со пет настапи во финалето, Модриќ беше изедначен со Бензема, Патрис Евра, Кларенс Сидорф и Едвин ван дер Сар.