Модриќ верен на Реал – уште најмалку една година ќе биде „крал“
Хрватскиот фудбалски репрезентативец, Лука Модриќ (37) со приватен авион пристигна во Мадрид и официјално стави потпис на нов договор со шпанскиот великан Реал Мадрид.
Хрватот имаше фантастична сезона со „кралевите“, па како награда за добрите парии во Примера, Супер Купот на Шпанија и Лигата на шампионите доби договор според кој ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ најмалку до 30. јуни 2023 година.
Со ова Модриќ ќе ја продолжи приказната која започна во 2013 година.
2⃣0⃣2⃣3⃣#Modrić2023 pic.twitter.com/471FWsmiGg
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) June 8, 2022
Florentino Pérez ✍ @lukamodric10 #Modrić2023 pic.twitter.com/usMIkaU2LP
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) June 8, 2022
Модриќ во Реал Мадрид дојде од лондонски Тотенхем играчот од средниот ред со број 10 досега има освоено 20 трофеи со Реал Мадрид, од кои 5 се во Лигата на шампионите.