Решението на украинската криза не е војна и неопходно е да се фокусираме на дијалогот, изјави индискиот премиер Нарендра Моди на денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ.
– Решението не може да биде преку војна. Бомбите, ракетите и пушките не можат да обезбедат мир, затоа да се фокусираме на дијалогот, а дијалогот е неопходен, заклучи Моди.
Тој нагласи дека Индија е подготвена да пружи помош за воспоставување мир и оти по разговорот со Путин почувствувал „оптимизам и надеж за иднината“.
Како што пренесуваат руските медиуми, Москва и Њу Делхи развиваат нови заеднички проекти, меѓу кои и изградба на нуклеарна централа со мала моќност.
Двајцата лидери заедно посетија изложба, а Моди положи венец на гробот на непознатиот херој.
Тој, исто така, се сретна со членовите на индиската заедница во Русија и најави отворање на индиски конзулати во Казан и Екатеринбург за промовирање на туризмот и деловните активности.
– Во Русија температурата понекогаш е под нулата, но во односите меѓу Индија и Русија температурата е секогаш позитивна, изјави Моди пред индиската заедница.
Тој додаде дека Москва е сигурен партнер на Њу Делхи „во среќа и тага“.