Могерини поднесе оставка од функцијата ректор на Колеџот на Европа

Поранешната висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, поднесе оставка од функцијата ректор на Колеџот на Европа откако беше уапсена во Белгија под сомнение за измама и корупција, објави Ројтерс, повикувајќи се на е-пошта што Могерини ја испратила до персоналот, студентите и поранешните студенти на институцијата.

Во пораката таа навела дека се повлекува од својата функција, додека нејзиниот адвокат нагласил дека Могерини „негира какво било кривично дело и целосно соработува со истражните органи“.

Белгиската полиција ја уапси Могерини на 2 декември, како и Стефан Санин, поранешниот генерален секретар на Европската служба за надворешна акција, како дел од поширока истрага за финансиски неправилности.

Неколку дена подоцна, на 4 декември, беше објавено дека Санино поднел оставка од својата позиција како генерален директор на Европската комисија за Блискиот Исток, Северна Африка и Заливот. Тој ќе биде на отсуство до крајот на годината, по што ќе се пензионира.

Истрагата е во тек, а европските институции сè уште не дале официјален коментар за сериозноста на обвинувањата и можните последици за структурите на ЕУ.