Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека рускиот лидер Владимир Путин не го потпишал указот за завршување на мобилизацијата.
Прес-секретарот на претседателот на Руската Федерација објасни зошто шефовите на регионите известуваат за крајот на мобилизацијата, ако само шефот на државата може официјално да објави крај на мобилизациските активности.
Тој нагласи дека досега немало решенија за прекин на мобилизациските активности. Портпаролот на Кремљ објасни дека Министерството за одбрана поставило индикатори за бројот на луѓе што треба да се мобилизираат за секој регион.
„Регионите наведуваат дека индикаторите се исполнети, мобилизацијата е стопирана во регионите каде задачата е завршена“, објасни Песков.
Само претседателскиот декрет, кој се уште не е објавен, може законски да ја запре мобилизацијата, рече Песков.
Претходно градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави дека делумната мобилизација во градот завршила, а мобилизациските пунктови во главниот град почнале да се затвораат.
❗️Путин пока не планирует подписывать указ о завершении частичной мобилизации по всей стране — Песков
— Газета.Ru (@GazetaRu) October 18, 2022