МНТ ја изведе претставата „12“ во Народно позориште во Сараево
Македонскиот народен театар (МНТ) вчеравечер, на сцената на Народно позориште во Сараево, ја изведе претставата „12“ – силна и провокативна адаптација инспирирана од „12 Angry Men“ на Реџиналд Роуз, во режија на Синиша Евтимов.

Публиката во Сараево имаше привилегија да ужива во изведбата на претставата од врвната актерска екипа составена од најзначајните имиња на македонската театарска сцена: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Нино Леви, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев.
-Претставата „12“ остава силен впечаток – со длабока психолошка анализа, моќна социјална порака и актери во извонредна уметничка форма. Кулминацијата на вечерта беше долгиот и громогласен аплауз, проследен со стоечки овации – искрен израз на восхит и почит кон актерската екипа и квалитетот на македонската театарска уметност. Овој настап на Македонскиот народен театар во Сараево уште еднаш ја потврдува улогата на театарот како простор за дијалог, катарза и споделување универзални човечки вредности, надвор од границите, велат од МНТ.