МНР: До сега евакуирани 458 граѓани од Блискиот Исток
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија преку соопштение за јавност информира дека досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот Исток, со кои се превезени вкупно 458 патници.

Од нив, 380 се македонски државјани, додека 78 се странски државјани.
Вкупно по држави, меѓу евакуираните странски државјани има: 14 од Босна и Херцеговина, 13 од Косово, 13 од Албанија, 8 од Србија, 6 од Црна Гора, 3 од Грција, 2 од САД, како и по 1 државјанин од Украина, Германија, Ерменија и Индонезија, како и 4 лица со холандски ЕУ-пасош.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дипломатско – конзуларните претставништва и дежурниот телефонски број и понатаму останува на располагање на македонските граѓани во кризните региони, се наведува со соопштението.