МНР во контакт со бугарските надлежните органи за пронајденото тело на македонски државјанин во Софија

По добиената информација за пронаоѓање на телото на нашиот државјанин С.С. во Софија, МНР стапило во контакт со бугарските надлежни органи.

Преку МНР веќе е стапено во контакт со семејството на починатиот во земјава и тие се информирани за случајот.

Во соопштението се посочува дека Министерството и Амбасадата во Софија стојат на располагање за комуникација и асистенција, како и во постојана и непосредна комуникација со надлежните органи на Бугарија кои ја водат истрагата.

Телото на 26-годишен македонски државјанин е пронајдено во саботата околу 21 часот во близина на трговскиот центар „Парадајз“ во Софија.

Телото е испратено во Одделот за судска медицина.За случајот е поведена предистражна постапка. Според првичните сознанија, на телото нема траги на насилство и најверојатно станува збор за предозирање.