Министерството за надворешни работи (МНР) апелира до сите државјани на Македонија да се воздржат од патување во Исламската Република Иран, поради масовните и насилни протести во различни делови од земјата, а особено во Техеран.
Воедно, доколку наши граѓани во моментот се наоѓаат на територијата на Иран, Министерството за надворешни работи ги повикува да останат на безбедни локации, да избегнуваат јавни собири и доколку немаат суштинска причина, да ја напуштат земјата.
За дополнителни информации, сите наши граѓани, кои се наоѓаат во или надвор од државата, да ги следат само официјалните канали на Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и на Македонската амбасада во Софија, како надлежно дипломатско-конзуларно претставништво за Иран.
Во Иран од 17 септември има големи антивладини протести. Причината е смртта на 22-годишна жена, која почина во полициски притвор, откако беше уапсена од моралната полиција за неправилно носење на задолжителната шамија.