„Многи текстови во медиумите се потполно лажни” – вујкото на Данка ги опиша настаните непосредно пред исчезнувањето на девојчето

Вујкото на исчезнатата Данка Илиќ во Србија по Србија по која се трага веќе седум дена зборуваше што се случувало кобниот ден од исчезнувањето на девојчето, тврдејќи дека тоа е вистината и коментирајќи дека медиумите ретко пишуваат за неа.

Рече дека на последната фотографија од Данка Илиќ којашто била направена на кобниот ден таа е заедно со нејзиниот постар брат, а оддалечена е околу 30 метри од него и далеку од мајката којашто во тој миг фотографирала.

Вели дека можеби некој тогаш се криел, чекајќи го вистинскиот момент. Фотографијата била направена во 13 часот и 30 минути.

Сестра му, како што тврди вујкото, потоа отишла до автомобилот да донесе вода, а течноста била на совозачкото седиште.

Тоа се тие неколку секунди кога Данка исчезнала, тврди вукото, додавајќи дека не е вистина оти надвор врнело силен дожд. Сестра му потоа панично го барала девојчето, и не пријавила веднаш оти барала, а потоа се јавила и кај нејзиниот сопруг да го извести, кажа тој за „Блиц“.

За Драгомировиќ нема ништо спорно што мајката ја сликала Данка непосредно пред исчезнувањето, бидејќи нејзиниот телефон е полн со фотографии од нејзините деца.