ММФ со 1,4 милијарди долари помош за Украина
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри 1,4 милијарди долари вонредно финансирање за Украина. Со овие средства треба да се задоволат „итните потреби на платниот биланс“.
Извршниот одбор на Фондот соопшти дека украинските власти ќе соработуваат со ММФ „за дизајнирање соодветна економска програма насочена кон рехабилитација и раст, кога ќе дозволат условите“.
„Штом војната ќе заврши и ќе може да се изврши соодветна проценка на штетите, веројатно ќе биде потребна дополнителна голема поддршка за напорите за реконструкција“ рече генералната директорка на ММФ – Кристалина Георгиева.