ММФ: Нè очекува бавен глобален раст
Светската економија во иднина ќе се соочува со анемичен раст. Глобалниот раст на БДП до 2029 година ќе се задржи на неколку децимали над три отсто што е за околу еден отсто помалку од 20-годишниот просек пред пандемијата, предупреди Меѓународниот монетарен фонд.
Во текот на пролетниот состанок на финансиските институции во САД, директорката на ММФ, Кристалина Георгиева истакнала дека мора повеќе да се направи на полето на продуктивноста.
Од ММФ наведуваат дека глобалната стапка на раст постојано забавува од глобалната криза во 2008 -2009 година и повика на политичка интервенција за да се смени овој тренд. Нискиот глобален раст ќе влијае на животниот стандард на луѓето и ќе ја зголеми економската нееднаквост меѓу земјите. Намалувањето на растот од финансиската криза до денеска се должи првенствено на лошата распределба на средствата. Неефикасната распределба на ресурсите меѓу компаниите ја намали продуктивноста, пренесува „Сеебиз“.
Без зголемување на продуктивноста на глобално ниво, најновото истражување од Вашингтон укажува на значително забавување во развиените земји, што во комбинација со зголемување на јавниот долг може да создаде маѓепсан круг.
ММФ наведува дека глобалната стапка на раст постојано забавува од глобалната финансиска криза 2008-2009 година и повика на политички интервенции за да се смени овој тренд. Нискиот глобален раст веројатно ќе влијае на животниот стандард и ќе ги зголеми економските нееднаквости меѓу земјите, велат од ММФ.
Намалувањето на растот од финансиската криза до денес ММФ го припишува пред се на лошата распределба на средствата. Неефикасната распределба на ресурсите меѓу компаниите ја „урна“ продуктивноста.
„Да немаше грешки во распределбата на средствата, вкупниот фактор на продуктивност можеше да биде 50 отсто поголем, а забавувањето на растот ќе беше помалку сериозно“, се наведува во извештајот на ММФ.