ММФ: Ако ескалира руско-украинскиот конфликт, тоа ќе е погубно за економијата!
„Веќе сериозните глобални економски последици од војната во Украина ќе бидат „уште попогубни“ доколку ескалира конфликтот Москва-Киев“. Ова се предупредувањата на Меѓународниот монетарен фонд.
„Економските последици од руската инвазија, која започна минатата недела веќе се многу сериозни“ – се вели во соопштението на Фондот.
Зголемените цени на енергијата и суровините придонесоа за зголемување на инфлацијата, која светот веќе ја искусува додека економиите закрепнуваат од пандемијата на Ковид-19.
„Доколку конфликтот ескалира, економската штета ќе биде уште попогубна“ – соопшти меѓународниот кредитор.
„Ценовните шокови ќе имаат влијание врз светот, особено врз сиромашните домаќинства, за кои храната и горивото имаат поголем удел во трошоците. Во Украина економската штета е веќе значителна, инфраструктурата е затворена, оштетена или уништена, а земјата „се соочува со значителни трошоци за реконструкција. Санкциите против Русија, исто така, ќе имаат значително влијание врз светската економија и финансиските пазари, со значителни прелевања на други земји“ – соопштија од ММФ.