
Млечна криза ѝ се заканува на Македонија
По најавата за млечна криза и брза интервенција од страна на владата денеска молк. ТВ24 неколку пати се обиде да добие информација, но никој од надлежните служби за односи со јавноста не одговори, кои ќе бидат следните чекори на властите по вчерашната најавена средба на премиерот Димитар Ковачевски и ресорниот министер за земјоделство Љупчо Николовски. Средба за итно решавање на ситуацијата нема, само штур одговор од владиниот портпарол дека ситуацијата будно се следи.
ТВ24 и денеска контактираше дел од инволвираните од бизнисот со млеко. Ситуацијата велат дека е загрижувачка, а тоа подолго време велат дека го знаеле властите.
Фармерите побараа од Владата да води поголема сметка на производителите. Тиое бараат субвенции да има само за тие кои произведуваат и на тој начиун би се зголемил сточниот фонд. Се жалат дека трошоците им се драстично зголемени и немаат никаква исплатливост доколку не добијат државна помош
„Млечната криза не се предизвикува за еден ден, тоа континуирано тече неколку години, затоа што ако пред пет години во малешевијата имаше над 100 производители односно одгледувачи на овци, кози и крави сега се броиме на прсти и сме десетина. Сето тоа е резултат или причина за тоа е дека нема работна рака, или обучена работна рака. Најмногу придонесува народот да се иритира тоа што трговците и прекупците кои го земаат млекото, јагнето или телето тие сакаат повеќе да ќарат од нас производиутелите. И тука се јавува проблемот, производстената цена да е многу пониска од продажната цена. “
Вчера Ковачевски најави дека во земјава ќе има проблем со достапноста на млеко. Како причин ги наведе војната во Украина и скапите суровини кои се потребни во целокупниот процес на производство. Поголемите компании кои го откупуваат млекото и се дел од овој бизнис засега се без коментар за најавената млечна криза. А токму млечните производи се оние кои драстично поскапеа цо последниве неколку недели.